Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните протестираат за струја – пратеникот Димовски порачува колешката Мехмети да земе токмак

Граѓаните протестираат за струја – пратеникот Димовски порачува колешката Мехмети да земе токмак
До раните утрински часови траеја блокадите на Пластичарската улица кај Бит пазар кога група граѓани од овој реон ја блокираа улицата поради како што велат револтот од исклучувањето на струјата од страна на ЕВН. Велат, редовно плаќаме, а струјата ни ја исклучуваат. Од ЕВН негираат. Појаснуваат дека исклучувањето на струјата синоќа било поради дефект, а мештаните ги спречиле да интервенираат и да им ја вратат струјата. Стујата додаваат, била ислучена за да се отстранат дефектите во трафостаницата, кои настануваат поради студеното време и оптовареност на мрежата. Со големо полициско присуство и во тензична атмосфера екипи ги вршеа интервенции на Пластичарската улица. Синоќешната блокада беше втора месецов на Пластичарската улица. За овој реон во повеќе наврати беше посочено дека е проблематична точка во градот каде од ЕВН тврдат дека имаат многу неплаќачи на електрична енергија, но и многу кражби. Атмосферата на социјалните мрежи дополнително ја подгреапратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски. „Би било добро колешката Ермира Мехмети да се приклучи на блокадите кај Пластичарската улица, да земе токмак и да помогне при рушењето на трансформаторите на ЕВН...или бар да им ги плати сметките на луѓето и да им ги реши егзистенцијалните проблеми“, напиша тој на Фејсбук алудирајќи на  изјавата на пратеничката на ДУИ која призна дека партијата има поврзаност со вандализмот врз споменикот на цар Душан во Скопје.
Слично

Поврзани вести