Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните на Охрид и Струга со најмногу електронски здравствени картички

Граѓаните на Охрид и Струга со најмногу електронски здравствени картички
Шеесет илјади електронски картички досега се поделини во Струга и  Охрид на  здравствените осигуреници, информира директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија Маја Парнаџиева - Змејкова при денешната посета во Струга. - Шеесет  проценти од граѓаните на Охрид и Струга имаат електронски здравствени картички. Електронската здравствена картичка е придобивка на секој граѓанин бидејќи во моментот кога ќе ја добијат истата нема да имаат потреба од сини картoни, истакна Парнарџиева- Змејкова. Според раководителот на подрачното одделение на Фондот за здравство во Струга Косто Фармакоски  од 49 илјади здравствени осигуреници во Општината, 32 илјади веќе ги добиле задолжителните електронски легитимации. - Во моментов не се предадени околу 5.200 картички,  и тоа 800 се од фирми што значи дека и фирмите се доста ажурни. Останатиот дел се од неосигурените лица и пензионерите. Апелираме да ги подигнат, бидејќи имаме мерка според која на оние што не гиподигнале нема да им се даваат картиците, истакна Фармакоски. Издавањето електронски здравствени картички  е еден од најголемите и најкомплексните проекти на Фондот за здравствено осигурување. Според Парнаџиева-Змејкова, ваква картичка треба да добијат еден милион и осумстотини илјади осигуреници  во државава.
Слично

Поврзани вести