Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градот Скопје во потрага по компанија за возниот парк на градот

Градот Скопје во потрага по компанија за возниот парк на градот

Градот Скопје бара команија што ќе го одржува возниот парк на градот. Станува збор за јавен оглас за избор на фирма што ќе се грижи за 36 возила од различна марка како Алфа ромео, Киа, Шевролет, Деву, Фолксваген., Цитрoен, Лада, Фиат, Форд и едно возила марка Мерцедес. Одлучувачки критериум во изборот на фирмата-сервисер ќе биде најниската понудена цена, а постапката ќе се спроведе преку отворена постапка со електронска аукција. Право да конкурираат за оваа бизнис-зделка, меѓудругото, имаат оние фирми на кои во последните пет години не им била изречена првосилна судска одлука за учество во злосторничко здружување, корупција, измама и перење пари, потоа да имаат релизирано досега три вакви испораки и да имаат најмалку 10 лица.

На почетокот од 2012 -та година Градот Скопје се поднови со седум нови возила од различни марки како Тико, Матиз, Лада, Фијат пунто како и шест возила “Ц3“. Вкупната набавка изнесуваше околу 700 илјади евра.Тогаш градските власти објаснија дека админситрацијата располага со мал број возила кои се стари.

Колку пари Градот планира да плати за одржување на возниот парк ќе се знае по 17 -ти овој месец, кога ќе биде спроведена јавната аукција за избор на компанијата.

Слично

Поврзани вести