Градот кој за многумина беше сон, ќе си остане само неостварен сон
Лондон е најскап град во Европа за живот, а го следат Копенхаген, Стокхолм и Хлесинки, според неодамнешното истражување на Евростат.
Трошоците за живот во европските престолнини се споредени со оние во Брисел и Луксембург кои добиле по 100 бода.
Истражувањето покажало дека животот е најскап во Лондон, кој добил 166,9 бодови.
Високите трошоци за живот се последица пред се на скапите кирии и јавен превоз.
Просечен животен простор во Лондон чини околу 10.500 евра. На второ место е Копенхаген со 131,8 бодови, а го следат Стокхолм со 127,9 и Хелсинки со 119,7 бодови.
Слично
