Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје учествува на Меѓународниот саем на градежништво

Град Скопје учествува на Меѓународниот саем на градежништво

Годинава за прв пат Град Скопје, заедно со своите јавни претпријатија, учествува на Меѓународната саемска  манифестација за градежништвото што се одржува на Скопскиот саем.

На саемот, Град Скопје и јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“, „Градски паркинг“, „Дрисла“, Јавното сообраќајно претпријатие, „Паркови и зеленило“, како и „Зоолошка градина“ ќе го презентираат нивниот спектар на дејности.

За таа намена, како што информира Град Скопје, обезбедени се промотивни материјали, изложбени експонати, како и ЛЦД проекции на разни теми од доменот на работните дејности на јавните претпријатија и Зоолошката градина.

Слично

Поврзани вести