Град Скопје обезбеди паноа за бесплатно истакнување на изборни плакати
Градот Скопје ги определи локациите за поставување на паноа за бесплатно изборно рекламирање, согласно законската обврска.
За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања, почнувајки од 19 февруари, доставуваат барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања - 4 март 2013 година до 12 часот. Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител
Слично
