Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град ги уништи раноградинарските и овошните насади во Македонска Каменица

Град ги уништи раноградинарските и овошните насади во Македонска Каменица

Град вчера ги уништи раноградинарските и овошните насади во општина Македонска Каменица.

Штетите жителите ги  пријавија денеска во општината. Најпогодени се селата Моштица, Косевица и Костин Дол.

Градоначалникот Дарко Митевски, вели дека општината е целосно подготвена да им излезе во пресрет на земјоделците.

„Имаме определено лице кое денеска ги прима пријавите за штетите, а веќе утре Комисијата за проценка ќе излезе на терен. По оваа постапка, ќе направиме напори да ги обесштетиме земјоделците со одлука на Советот или од Државната комисија надлежна за вакви природни катастрофи“- вели тој.

Земјоделците раскажуваат дека градот бил со големина на јајце, и дека вакво невреме немало долги години.

Слично

Поврзани вести