Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Cкопје го распиша конкурсот за наградата „13 Ноември“

Град Cкопје го распиша конкурсот за наградата „13 Ноември“
Градот Скопје го распиша Конкурсот за доделување на наградата „13 Ноември“ за 2013 година, а истиот беше објавен во весниците „Дневник“, „Нова Македонија“ и „Коха“. Како што соопштија од Градот, наградата „13 Ноември“ се доделува на физички и на правни лица како знак на признание за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието, образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, Наградата се доделува и за други сегменти на животот, што претставуваат посебен придонес за развојот на Скопје и неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија и во светот. Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за нејзино доделување, заклучно со 10 септември 2013 година (Град Скопје - Градски парк, Приемна канцеларија). Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост на 13 ноември - Денот на ослободувањето на градот.
Слично

Поврзани вести