Економија, финансии, бизнис

Контакт

„GoPro“ во проблеми, ЕПЛ патентираше нови камери!

„GoPro“ во проблеми, ЕПЛ патентираше нови камери!

На ЕПЛ неодамна му е одобрен патент за видео камери како GoPro моделите, а особено е интересно - или, можеби  прилично бизарна е веста дека со овие патенти ги урнала акциите на GoPro  за петнаесетина проценти.

GoPro инвеститорите како да доживеале напад на паника во моментите кога, веќе сосема необично , објавуваат патенти на разни компании. Иако овој пат е во прашање ЕПЛ, според зборовите на аналитичарите ваквиот потег на инвеститорите нема апсолутно никаква смисла.

ЕПЛ поседува неверојатна количина на патенти за работи кои никогаш не се (ниту ќе го) здогледаат светлото на денот, а реакцијата е опишана како „крајно несериозна“.

Аналитичар на компанијата „JMP Securities“ Алекс Гаун наведува како е премногу рано воопшто да помислуваат на тоа дека ЕПЛ ќе открие нов производ во облик на видео камера.

„Не ми изгледа дека почетокот на било каква акциска камера е логично продолжување на производите на ЕПЛ во овој момент“, смета тој.
Патентот на ЕПЛ е побаран во 2012 година, а аналитичарите веруваат дека сега е добар период за купување на акции во GoPro, бидејќи таа компанија „останува лидер во категоријата уреди“, без значење на конкуренција на видик.
Се шпекулира како и оваа компанија наскоро би можела да влезе во сегментот на беспилиотни летала.
Слично

Поврзани вести