Економија, финансии, бизнис

Контакт

Google Street View од денеска во Србија

Google Street View од денеска во Србија

Како што најавија претставниците на Google на конференцијата одржана на 10 јули  Google Street View од денеска е достапен и во Србија.

Се што е потребно за да му пристапите е на Google мапите е да зумирате на најниско ниво или едноставно да ја повлечете портокаловата Pegman иконката од левата страна, на улицата која е со плава боја, и можете виртуелно да се движите низ улиците на Белград, Нови Сад и Ниш, уживајќи во приказот од 360 степени.

Овие денови Street View возилата повтроно ќе бидат на улиците на Србија, со цел да се обезбеди покриеност и низ другите градови и локации во Србија - така да пазете можеби во тој момент ќе ве снимаат вас доколку сте на некое од тие места.

Street View е бесплатна опција на Google мапите која е претставена во мај 2007 година и до сега е достапна во 57 земји ширум светот. Таа овозможува виртуелно истражување и прошетка низ градовите преку панорамски слики направени на ниво на улиците. Достапна е и на  Google Earth и Google Maps за мобилни уреди.

 
Слично

Поврзани вести