Економија, финансии, бизнис

Контакт

Google Pay со Силк Роуд Банка – Брзо, безбедно и бесконтактно плаќање дирекно од вашиот телефон

Google Pay со Силк Роуд Банка – Брзо, безбедно и бесконтактно плаќање дирекно од вашиот телефон

Плаќањето никогаш не било поедноставно. Со Google Pay и Силк Роуд Банка, корисниците добиваат можност за брзо, безбедно и бесконтактно плаќање директно од својот мобилен телефон, без потреба од физичка картичка. Со додавање на Visa картичката во Google Wallet, секој Android телефон или часовник со Wear OS станува практичен дигитален паричник подготвен за плаќање во продавници, онлајн платформи или на банкомати со бесконтактен читач.

Google Pay претставува современ и сигурен начин на плаќање, кој користи напредна токенизација – наместо реалниот број на картичката, при секоја трансакција се користи уникатен виртуелен број, со што се обезбедува највисоко ниво на заштита на податоците. Податоците за картичката остануваат безбедни, а трговците не го добиваат вистинскиот број на картичката. Услугата е целосно бесплатна, без дополнителни трошоци за преземање на апликацијата, додавање картичка или извршување плаќања, а Силк Роуд Банка не наплатува дополнителни провизии за користење на Google Pay.

За да се користи услугата, потребна е активна Visa картичка од банката, Android телефон со соодветна верзија на софтвер, инсталирана мобилна апликација Silk Road m-Bank и поставена заштита на уредот. Процесот на активација е едноставен – по преземањето на Google Wallet, картичката се додава и се верифицира преку мобилната апликација, по што плаќањето со телефон е веднаш подготвено за користење.

Со едноставно отклучување на телефонот и доближување до ПОС терминал, трансакцијата се реализира за неколку секунди. Во најголем дел од случаите не е потребно внесување ПИН, освен ако терминалот тоа не го побара. Корисниците можат да додадат повеќе картички и да изберат која ќе биде примарна, а лимитите остануваат исти како и кај физичката картичка.

Со воведувањето на Google Pay, Силк Роуд Банка им овозможува на своите клиенти модерно, сигурно и практично дигитално искуство, усогласено со динамиката на современиот начин на живот. Плаќањето станува побрзо, поедноставно и секогаш достапно – директно од вашиот телефон.

Сите дополнителни информации во врска со овој продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

Слично

Поврзани вести