Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Google Maps“ отсега достапен и без интернет врска

„Google Maps“ отсега достапен и без интернет врска

Гугл ја надгради својата апликација „Android Maps“ која корисниците ќе ги води до одредена цел и тогаш кога не се поврзани на интернет пренесува Би-Би-Си.

Новиот интерфејс им овозможува на корисниците да ја најдат локацијата на бизнис субјекти, нивното работно време и телефонски броеви.

Компанијата оценува дека надоградената апликација најмногу ќе им помогне на корисниците во земјите во развој, но и на туристи кои се во посета на странски земји и мора да ги користат услугите на странски оператори што е скапо.

Меѓутоа, еден експерт предупредува дека сопствениците на ефтините мобилни може да „жунглираат“ со податоците.

„Стандардни Андроид смартфони обично имаат четири гигабајти и кога еднаш преземете неколку апликации, музика и некој филм, меморијата брзо е потрошена“, рекол Бен Фуд за CCS Insight.

Гугл пак наведува дека за преземање на мапи од поширокото подрачје на Лондон ќе ви требаат 380 мегабајти на уред, а за подрачјето на Сан Франциско околу 200 мегабајти.

Директорката за производи Аманда Бишоп објавила дека програмот го развивале три до четири години на системот Андроид, а и дека ќе го прошират на системот на ЕПЛ и таблети. За важноста на апликацијата најмногу говорат податоците дека 60 посто од планетата нема пристап до интернет, истакнува Бишоп.

Слично

Поврзани вести