Google Glass почнаа да се продаваат и во Велика Британија!
Google Glass паметните очила во почетокот беа понудени само на одредена група „истражувачи“ од кои се бараше да бидат жители на САД. Дури и кога компанијата неодамна отвори „Explorer Program“, овој уред можеше да се купи само во САД.
Меѓутоа, тоа од денеска се промени, и Google Glass ја започна интернационалната кариера.
Имено, овој уред за носење може да се купи и во Велика Британија. Првиот знак дека Google Glass наскоро ќе бидат објавени во Велика Британија се виде кога очилата се појавија на страница за поддршка на уреди за игри. Тие беа брзо отстранети, а вратени уште побрзо, и така продажба официјално започна и во првата земја надвор од САД.
Сите во Велика Британија кои сакаат да дадат 1000 фунти (145.000 денари) за Google Glass , од денес тоа може и да го направат.
