Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГОЛФ“ веќе 39 години најпродаван автомобил во Швајцарија!

„ГОЛФ“ веќе 39 години најпродаван автомобил во Швајцарија!

Продажбата на нови возила во Швајцарија во минатата година изнесувала 301.942 единици, и била помала отколку во 2013, а падот е запрен на 1,9 одсто благодарение на рекордната продажба во декември.

Во последниот месец минатата година се продадени 32.857 возила, со раст од 9,1 одсто во однос на декември 2013, пренесува швајцарскиот весник 24часа.

Благодарение на „спектакларниот финиш“, швајцарскиот пазар на автомобили лани ја надминало прогнозата за околу 300 илјади продадени нови возила соопштило здружението на автомобилската индустрија УПСА.

Најпродавани марки, како што се наведува, и понатаму се оние во сопственост на германскиоте произведувачи, посбно Фолксваген групата (("VW", "audi", "škoda", "seat", "porse"), чие учество во вкупната продажба изнесувало 30,9 одсто.

Повторно, најпродаван бренд бил „VW golf“ и тоа 39 пати за своите 40 години постоење.

Што се однесува до половните возила, минатата година исто така е забележан пад на продажбата прв пат од 2008 година и тоа од 1,5 одсто на 839.212 единици.

И кај половните возила доминирале германските марки, со пазарно учество од 71.4 одсто.

Слично

Поврзани вести