Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Големите проблеми“ на вашите деца

„Големите проблеми“ на вашите деца

Сигурно денес како родители се смеете кога ќе ви текне на реченицата „Секој ученик да извади лист од средина, ќе правиме изненаден тест“ но, овие зборови се голем терет за вашите деца. Како родители со носталија се сеќаваме на тие денови, и дури сега сте свесни дека не било толку страшно. Но, ако по завршувањето на училишниот ден, вашето дете правело изненаден тест, тоа кај него предизвикува немир, тревожење, грижа, неизвесност.

Треба како родители да ги поддржуваме децата, да им помогнеме во дадени тешки за нив ситуации, но не значи тоа дека треба да ја врши родителот „нивната работа“.  Дозволете и тие да поминат низ свои стравови, низ свои неочекувани несекојдневни ситуации.  Само така ќе станат силни, ќе стекнат одговорност, ќе можат да се изборат во животот.

Не заборавајте да му кажете на детето дека вие како родител сте овде и секогаш кога треба ќе му помогнете, но заедно да го надмиете проблемот, а не вие да го сработите во негово име. 

Слично

Поврзани вести