Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема распродажба во Skopje City Mall: Реномирани брендови по евтини цени

Голема распродажба во Skopje City Mall: Реномирани брендови по евтини цени

Јануари и февруари се месеци кои целиот свет ги сака поради големите попусти во продавниците и распродажбата која ја нудат познатите брендови. Во почетокот на годината сите нас не зафаќа шопинг манија, а евтините цени никого не оставаат рамнодушен.

Светските трендови ги следи и Skopje City Mall кој од 26-ти јануари до 14-ти февруари ќе им овозможи едно поинакво шопинг искуство на посетителите каде своите омилени производи во повеќето од продавниците во молот ќе можат да го купат на попуст.

image-bf73ceb5cdb48713840edda30b17bb916a083877aec3ffc0159589f02c4b04da-V

Имено, повеќето продавници во нашиот најголем трговски центар имаат зимска распродажба, а како изненадување за граѓаните е т.н. Pop-Up Store лоциран на влезот од Skopje City Mall во кој неколку брендови имаат екстра попусти и до - 80 %.

Pop-Up Store-от кој оваа година е новитет во шопингот во Македонија се наоѓа на влезот од улицата МАНАПО и секој ден до 14-ти февруари ќе има распродажби за сечиј вкус. Од 26-ти јануари до 29-ти февруари Sport Vision ќе понуди спортска опрема од познатите светски брендови по outlet цени.

image-3b176c5ce6a9aadd8742ac0ab14339ad95770c371439c3b9fcd7128e057fc99b-V

Од 30-ти јануари до 2-ри февруари UrbanXStore ќе ја понуди својата колекција на спортска опрема и чевли на голем попуст, додека од 3-ти до 5-ти сите оние кои сакаат да купат мебел и книги ќе можат да го направат тоа во Pop Up Store-от каде тие денови ќе изложуваат JYSK и книжарница Икона. Распродажбата на долна облека ќе се случува од 6-ти до 9-ти февруари и тоа ќе го направи Penti, додека Adams Shoes од 10-ти до 14-ти февруари ќе ги изненади сите посетители со големите попусти на својата колекција чевли.

Посетете го Skopje City Mall и направете шопинг на попуст во поголемиот дел од продавниците, или пак во специјалниот Pop-Up Store каде цените се навистина ниски!

Слично

Поврзани вести