Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема наградна игра на Кит-Го и Тера Маркети!

Голема наградна игра на Кит-Го и Тера Маркети!

Автомобил, скутери, велосипеди, летувања и патувања во Европа се само дел од наградната игра што Кит-Го, најголемиот ланец на малопродажни објекти во Источна Македонија ја организира за своите потрошувачи.

Со почеток на 28ми април, во наградната игра ќе можат да учествуваат сите граѓани што купуваат од Кит-Го и Тера Маркети.

„Нашата 23 годишна традиција и опстојување на македонскиот пазар ни овозможува дакажеме дека сме горди на нашата работа и благодарни на нашите потрошувачи. Досегададената доверба е доказ дека низ годините постојано ги задоволуваме барањата ипотребите на купувачите, и преку голем труд и напор на нашиот менаџерски тим ивработени се обидуваме да ги задоволиме очекувањата на сите купувачи. Оваа награднаигра е само мал дел од нашата благодарност кон нив и веруваме дека граѓаните ќеучествуваат и ќе се забавуваат, а најсреќните ќе се израдуваат со голем број награди одпредвидениот фонд“, изјави Александар Попов, комерцијален директор во Кит-Го.

3
Наградите ќе се извлекуваат секој месец, во четири фази, започнувајќи од Струмица на 4ти
јуни, а потоа на 9ти јули во Неготино, 20ти август во Кочани и главното извлекување на 1ви
октомври во Штип.
Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера Маркети, потрошувачитедобиваат купон (самолеплив) и леток на каса (на кој треба да залепат пет купони) и со тоа добиваат можност да учествуваат во наградната игра. Летокот се пополнува со личните податоци, на истиот се лепат добиените купони, а потоа тој се остава во означена кутија во самиот маркет. За учесниците важно е да се напомене дека сите недобитни летоци од претходните извлекувања ќе учествуваат и во главното извлекување на 1ви октомври.
4
Главната награда во играта е автомобил Опел Астра Седан 2016, а исто така и четири скутери
и 12 велосипеди. За месечните среќни добитници ќе има 160 вредносни ваучери од 2000 денари, за пазарување во Кит-Го и Тера маркетите, како и 32 патувања низ Европа, односно Прага, Виена, Будимпешта и Истанбул, како и летувања на Крф, Тасос и Халкидики.
За повеќе информации околку наградната игра, можете да ја посетите Facebook страница на

Кит-Го и Тера Маркети или да се информирате во било кој маркет на компанијата. 

1
Слично

Поврзани вести