Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем пожар над Битола, повеќе села во опасност

Голем пожар над Битола, повеќе села во опасност
Гори шумата кај селата Долно Српци, Лисолај и Беранци во битолско. На барање на градоначаникот, денеска преку Дирекцијата за заштита и спасување на помош долетаа два армиски хеликоптери. Огнената стихија која започна вчерашниот ден ја зафати боровата шума над  село Лисолај, а  жителите се загрижени бидејќи огнот се доближува до горниот дел на селото. Според ДЗС, авионите интервенирале на потегот меѓу селaта Лисолај и Древеник каде што теренот е тешко пристапен за пожарникарите. Над ридот кај селото Црнобуки, продолжува борбата со огнот , а покрај битолската противпожарна единица гаснат и многу доброволци. Голем проблем , посочуваат надлежните е ветрот кој го шири и кон селото Лопатица. Минатата недела пожар изби и на ридот над магистралниот пат Прилеп-Охрид, веднаш после тунелот по патот над Битола. Гореше сувата трева, а на терен интервенираа две екипи на битолската Противпожарна единица по што огнот беше локализиран.
Слично

Поврзани вести