Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем дел од Скопје утре без струја

Голем дел од Скопје утре без струја
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на ЕВН, без струја утре ќе останат повеќе делови од Скопје и околината, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без електрична енергија, утре од 8.30 до 10 часот ќе биде дел од булеварот Борис Трајковски и улицата Ѓорѓи Капчев во Лисиче. Од 8 до 15 часот струја ќе нема објектот број 2 на улицата Симеон Кавракиров, а од 8.30 часот до 15 часот и дел од улицата Рузвелтова, дел од улицата Ѓорѓи Капчев, како и на улиците Партение Зографски, Ѓорѓи Скрижевскии, Рилски Конгрес и Тасино Чешмиче. Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе немаат на улиците Никола Карев и Климент Охридски, а од 9 до 15 часот на дел од улицата 20 во Ѓорче Петров,  Ѓорѓи Казепов во Карпош и горниот дел од село Копаница. Прекини на струјата од  9 до 15.30 часот ќе има и за жителите од Момин Поток, а од 10.30 до 12 часот во Агино Село и во дел од Бардовци, поточно на улицата 40.
Слично

Поврзани вести