Голем чекор кон автономното возење, самостојно сопира, претекнува и може да се паркира со мобилен – светска премиера на новата E-Class
Mercedes-Benz отвора ново поглавје во иднината на автомобилската индустрија, претставувајќи го најинтелигентниот автомобил во својата класа, новата E-Class.
Ова е 10-та генерација на новата E-Class чија светска премиера се случува за време на саемот на автомобили во Детроит, а наскоро се очекува да пристигне и во Македонија.
Новата E-Class е софистицирана, доверлива и спортска. Во споредба со претходникот, должината на меѓуоскиното растојание е зголемено за 65 мм (2939/2874), додека вкупната должина е зголемена за 43 мм (4923/4880).
Внатрешноста на новата E-Class е синтеза на емоционални и интелигентни решенија. Достапен е екран со висока резолуција и големина од 12,3 инчи – прв од ваков вид во овој сегмент. Инаку,на располагање се три различни дизајни на инструмент таблата: "Classic", "Sport" и "Progressive".
[gallery ids="195982,195984,195985"]Нова генерација на помошни системи
Помошните системи на Mercedes-Benz ја зголемуваат безбедноста, удобноста и дополнително го олеснува возењето.
Active Brake Assist – системот за активна помош при сопирањето е стандардно вграден во новата E-Class и обезбедува доволно сила при ненадејно сопирање, а доколку е неопходно и автоматско сопирање на возилото.
Стандардни функции се и ATTENTION ASSIST – систем кој го предупредува возачот при евентуална поспаност, како и Crosswind Assist, систем кој може значително да го ублажи негативниот ефект од силни странични ветрови.
Опцискиот Driver Assistance пакет на системи ја прави новата E-Class најинтелигентниот автомобил во својата класа. Овој пакет на системи вклучува:
- DRIVE PILOT: Ова е следниот, нов чекор кон целосното автономно возење. Со помош на оваа опција, автомобилот освен што е во можност самостојно да следи друго возило пред себе на безбедна оддалеченост, исто така може да го следи и до брзини на движење до 210 км/час. На овој начин возачот нема потреба постојано да притиска на педалите за сопирање и забрзувањеа, а возачот добива помош и на управувачот, преку системот Steering Pilot.
Новина е и опцијата која помага при прилгодување кон ограничувањето на брзините на движење.
Така на пример, во комбинација со COMAND Online, селективниот Speed Limit Pilot може самостојно да ја прилагоди брзината на движење на возилото, како одговор на информациите за ограничувања на брзината добиени од камерата или од навигацискиот систем. Како дополнение на DRIVE PILOT, за првпат е и иновацијата Active Lane-change Assistant – систем со кој возилото може самостојно да ја промени коловозната лента на движење.
Во новата генерација на E-Class се вклучени и други иновации и техничко-технолошки напредни системи, како што се: Active Brake Assist со cross-traffic функцијата, Evasive Steering Assist – асистенција на управувањето при опасни маневри во возилото.
Новина кај E-Class е системот кој овозможува т.н. далечинско паркирање - Remote Parking Pilot. Овој систем овозможува возилото да биде паркирано без управување од страна на возачот во автомобилот, односно само со помош на апликација на мобилен телефон.
- Мулти-лед светла со висока резолуција – секое светло е составено од 84 ЛЕД светилки, кои автоматски го осветлуваат патот со прецизна дистрибуција на светлината, без притоа да им пречи на останатите учесници во сообраќајот.
- [gallery ids="195986,195987,195988"]
Аеродинамичност
Аеродинамичноста е еден од најважните фактори за исклучителната ефикасност на новата E-Class. Новиот модел поставува нов рекорд во својата класа со коефициент на отпор на воздухот од само Cd 0,23. За да се постигне ова, инженерите на Mercedes-Benz направија оптимизации и воведоа многу новини кај новата E-Class. Како пример, AIRPANEL системот за воздушно струење и др
Нова генерација мотори
Новата E-Class на почеток на воведувањето во продажба ќе биде достапна со два мотори: E200 со 4 цилиндричен бензински мотор, како и E 220 d со сосема нов 4 цилиндричен дизелски мотор.
Другите мотори ќе бидат воведени по официјалното лансирање, вклучувајќи го и E350 со хибридна технологија.
Станува збор за PLUG-IN HYBRID технологија која импресионира со својата динамичност и ефикасност, притоа обезбедува 30 км автономија на возење само на електричен погон. Неговиот 4 цилиндричен бензински мотор во спрега со моќен електричен мотор обезбедува вкупно 279 КС и вртежен момент од 600 Nm, со што претставува вистински автомобил со спортски перформанси, но со исклучително ниска потрошувачка на гориво, помало дури од вообичаен автомобил од компактната класа.
Најмоќната дизелска верзија на новата E-Class е опремена со 6 цилиндричен мотор со напредната SCR (селективна каталитичка технологија) технологија на издувните емисии, со вкупна моќност од 258 КС и вртежен момент од 620 Nm.
На распогање ќе биде и верзијаа E 400 4MATIC со 6 цилиндричен бензински мотор со моќност од 333 КС и максимален вртежен момент од 480 Nm.
Други верзии на мотори кои подоцна ќе бидат вклучени се и новиот 4 цилиндричен дизелски агрегат со моќност од 150 КС, како и бензинските мотори кои ќе располагаат со моќност од 183 до 245 КС, како и 6 цилиндричниот со 333 КС.
Новиот 4 цилиндричен дизелски мотор е пократок во споредба со неговиот претходник, благодарение на намалениот простор на цилиндрите (90 мм наместо 94 мм). И покрај намалената зафатнина кој сега изнесува околу 2 литри, новиот мотор обезбедува вкупна моќност од 195 КС и вграден во моделот E 220 d има комбинирана потрошувачка од само 3,9 литри на 100 км и емисија на CO2 од 102 грама на изминат километар. Во однос на технолошките иновации, моторот поседува еднофазно турбо полнење и варијабилна геометрија на турбината, додека главниот капак на цилиндрите (главата на цилиндрите) и вратилото се изработени од алуминиум. Исто така, Mercedes-Benz разви т.н. NANOSLIDE® површина, која овозможува намалување на триењето меѓу површината на цилиндерот и клипот.
[gallery ids="195989,195990,195991"]9 степен автоматски менувач
Сите модели на почеток ќе бидат опремени стандардно со новиот 9G-TRONIC – 9 степен автоматски менувач, со кој се обезбедува значителна ефикасност на погонот, како и ниско ниво на бучавост.
[gallery ids="195992,195993,195994"]Суспензија – спортска удобност
Потпирањето на новата E-Class нуди одлична агилност, но во исто време и исклучително високо ниво на удобност. Стандардната верзија на моделот е опремена со челична суспензија и во комбинација со неа на располагање се три DIRECT CONTROL системи на потпирање:
- Удобна суспензија
- Удобна Avantgarde суспензија со спортски карактер, пониска за 15 мм
- Спортска суспензија со адаптивно потпирање, пониска за 15 мм, која ја заменува класичната спортска суспензија
AIR BODY CONTROL – воздушна суспензија со повеќе комори
[gallery ids="195995,195996,195997"]Новата E-Class е единствен автомобил во овој сегмент кој може да биде опремен со воздушна суспензија со повеќе комори.
Преку копчето DYNAMIC SELECT, возачот може да избере еден од 4-те опции на воздушната суспензија - AIR BODY CONTROL: "Comfort", "ECO", "Sport" и "Sport+". Дополнителната опција "Individual" му овозможува на возачот сам да го конфигурира начинот на возење.

