Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем број скопски улици ќе останат без струја

Голем број скопски улици ќе останат без струја
Поголем број скопски улици остануваат утре, во одредени периоди на денот,без струја. Така од 9 до 12 часот струја ќе нема на улиците Јакупица и Аилска во Кисела Вода, а од 8 до 15.30  улиците 32, 30 и 18, во Пинтија.  Во периодот од 8.30 до 10.30 прекин ќе има и на улица Сава Ковачевиќ и улицата 14 во општината Кисела Вода. Од 9.30 до пладне без струја останува улиците Пекабе 7 и 5А, и Лука Геров во Ѓорче Петров. Струја ќе нема и во Шуто Оризари, од 9.30 до 15 часот  на  улицата Гарсија Лорка. Половина час претходно, од 9 до 15 часот струја ќе снема во дел од селата Сарај, Кондово и горниот дел од Копаница. Од 10 до 15.30 часот, без струја ќе биде дел од улицата Жданец, а до 15 часот и корисниците од улицата Злате Михајловски во Ѓорче Петров. Од 9.30 до 14 часот прекин ќе има на улица Скупи и во објекти до телевизијата Канал 5, додека од 11 до 15.30 часот на друг дел од улицата Жданец. Според ЕВН Македонија, прекините се прават за изведување зафати и подобрување на електродистрибутивната мрежа.
Слично

Поврзани вести