Го тестиравме Vivo X80 Pro – Нов шампион во премум сегментот, студиска камера, екстра батерија и ненадмилив хардвер
На смартфон пазарот има нов шампион во премиум
сегментот кој конечно ќе ја раздрма конкуренцијата. Новиот Vivo X80 Pro е
премиум модел со професионална камера, екстра издржлива батерија, моќен хардвер
кој работи како подмачкан, и импресивен дизајн со многу додатоци во кутијата.
Тестирањето на Vivo X80 Pro е вистинско уживање. Од првиот поглед на уредот,
првите допир на врвно изработеното тело со алуминиум и цврстата карбон маска,
па се до неговите неограничени можности. Ако сакате моќен смартфон кој е подготвен
да биде ваш професионален и бизнис уред, тогаш треба да ја прочитате оваа
детална рецензија.
Слики и видеа како од филмско студио
За да ја опишеме новата камера со четири сензори на Vivo X80 Pro со Zeiss оптика ќе ни треба најверојатно цела рецензија посветена само на тој сегмент. Камерата на Vivo X80 Pro е толку богата со опции што никогаш нема да ви биде досадно, ниту пак ќе има момент кога ќе речете дека не сте задоволни од резултатите.
Да почнеме од снимањето видеа. Vivo X80 Pro нуди врвни резултати преку ден, навечер, со добра или лоша надворешна осветленост. Тоа е еден од ретките смартфони кој овозможува промена на фокусот додека снимате видеа. Ако во преден план ви е човек, акција или предмет, може да продолжите постојано да ги држите во фокус, со постојан „bokeh“ ефект.
Следна огромна предност на видео камерата на Vivo X80 Pro е врвната стабилизација. Буквално може да трчате, да се симнувате по скали или да се спуштате од планина и кадарот ќе биде постојано стабилен. Од огромна помош е технологијата за стабилизација на хоризонтот од 360 степени, па така постојано ќе имате врвно видео.
Vivo X80 Pro е убедливо еден од најдобрите смартфони за правење ноќни фотки, бидејќи со HDR технологијата одлично се прилагодуваат сите надворешни извори на светлина. Често кај смартфоните ноќните слики прават прелевање на светлата, за разлика од Vivo X80 Pro каде секој извор на светлина е балансиран и нема преголема изложеност на експозицијата.
Исто така Vivo X80 Pro може да потврдиме дека прави најдобри портрети со различни „бокех“ ефекти, па така човекот доаѓа до целосен израз, а позадината и опкружувањето изгледаат како да се дел од филмски сет. Бојата на кожата е совршена, изгледот е многу природен, боите, светлината и контрастот се многу силни, но го задржуваат оној стабилен и природен изглед, па така фотографиите не се како „фотошопирани“. Истото важи дури и за групните портрети, па така постојано ќе имате материјал направен како од професионален фотограф.
Турбо перформанси за постојано движење
Vivo X80 Pro има огромна батерија со капацитет од 4.700 mAh, а главната предност е турбо брзо полнењето од 80W. Смартфонот може да се наполни за само 38 минути до 100% од капацитетот на батеријата, а истовремено нуди и опција за безжично полнење. Тоа е одлична вест за сите корисници кои имаат постојани обврски и задачи кои ги завршуваат преку смартфонот, како чести видео повици, работа со cloud апликации, испраќање мејлови и обработка на документи.
Перформансите на Vivo X80 Pro се блескави благодарение на премиум чипсетот Qualcomm Snapdragon 8 кој обезбедува врвен гејминг со ултра сетинзи, обезбедува најбрза конекција со 5G мобилната мрежа и има супер брз пренос на податоци, истовремено е графички ѕвер без оглед дали играте напредни видео игри, гледате видеа или вршите графичка обработка, а истовремено ја штеди батеријата.
Понатаму, Vivo X80 Pro може да се пофали со дури 256 GB внатрешна меморија за складирање податоци, како и 12 GB работна меморија, што значи дека што и да му поставите како предизвик, овој смартфон ќе одговори беспрекорно.
Хардверот е надополнет и со V1+ чипот развиен и усовршен од Vivo кој помага во визуелниот сегмент, управува со процесите на обработка на производите на камерата, му дава поддршка на 6.78 инчниот LTPO3 AMOLED со стапка на освежување на сликата од 120 Hz, без проблем го исполнува HDR10+ видео стандардот, обезбедува 4K HD резолуција од 1440 x 3200 пиксели со осветленост на екранот од 1500 ниту, додека пак густината на сликата е поставена на импресивни 517 пиксели на еден инч.
Елитна безбедност и мултитаскинг адути
Vivo X80 Pro е еден од најбезбедните смартфони со лиценциран Android 12 оперативен систем. Vivo најави долгогодишна корисничка поддршка и редовни надградби на системот со сите безбедносни закрпи.
Корисниците може да го обезбедат уредот со новиот UltraSonic скенер за отпечатоци вграден во самиот дисплеј. За разлика од оптичките скенери, UltraSonic скенерот на Qualcomm обезбедува поголема површина на дисплејот за скенирање на отпечатоците, а на рабовите може да поставите кратенки за брз активација на апликации по ваш избор.
Уредот од лизгачкото горно мени ја нуди и опцијата split screen, па така истовремено ќе може да работите со повеќе апликации, на пример да пишувате мејл во еден прозорец, а до тој до него да уредувате документи во Office или Google Drive.
Финални импресии
Како ретко кој смартфон во последно време, Vivo X80 Pro целосно го оправдува епитетот премиум - нудејќи во самата кутија полнач со USB Type C кабел, слушалки, како и заштитна маска која ќе ве импресионира со цврстината и ергономичноста.
Vivo X80 Pro располага со речиси „ванила“ Android искуство, што значи дека воопшто не е оптоварен од претходно инсталирани апликации кои не може да ги избришете, а зафаќаат простор. Од сопствениот интерфејс со FunTouch OS понудени се неколку апликации и тие се наменети за подобра оптимизација на уредот.
iManager апликацијата е централен хаб за надзор на работата на батеријата, безбедноста и енкрипцијата на апликациите, управување со cash меморијата и отстранување на вишок фајлови и податоци, како и забрзување на перформансите на редовна основа.
Затоа интерфејсот е многу лесен за користење, супер брз и динамичен и ви остава простор самите да го прилагодите менито, изборот на апликации по ваша желба, како и прегледот на нотификации и уредување на сетинзите.
Vivo X80 Pro е комплетен производ кој ќе надомести огромна празнина во премиум сегементот, особено на македонскиот пазар, ќе ја „прошара“ понудата и ќе наметне одлично темпо за натпревар со останатите.
Професионалната камера, опциите за забава, напреден гејминг, видео поддршка и супер брза конекција го прават истовремено еден од најдобрите смартфони за мултимедија, но и бизнис смартфон кој ќе ви помогне да напреднете на следното ниво.
