Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го казнувале или не, Епл и понатаму е највреден!

Го казнувале или не, Епл и понатаму е највреден!

Епл и понатаму е највреден бренд на светот, објави истражувачката куќа Интербренд.

Според нивните податоци, вредноста на брендот во однос на претходната година е зголемена за пет отсто. Епл со 178,12 милијарди е прв, го следат Гугл со 133,25 милијарди долари и Кока Кола чија вредност се проценува на 73 милијарди долари.

Гугл во однос на минатогодишните податоци вреди 11 отсто повеќе, а Кока Кола од  друга страна, седум отсто помалку.

Меѓу најдобрите светски брендови воглавно се автомобилските и технолошките компании, а меѓу 100 најдобри оваа година се и Тесла и Диор кои се пробија на 100 односно, 89 место.

Слично

Поврзани вести