„Глеј“ и М6 Едукативниот центар влегуваат во стратешко партнерство за дигитална продукција и корпоративна едукација
Компанијата СВОДМАСТЕР АД Скопје, сопственик на првата националната стриминг – платформа „Глеј“ и М6 Едукативен центар објавија стратешко партнерство преку потпишување Меморандум за разбирање, означувајќи ново поглавје во дигиталната и едукативна трансформација на бизнисот во Македонија.
„Ова е значителен чекор напред во промоција на едукацијата на пошироката јавност. Со оваа соработка се проширува екосистемот на М6 кој покрај компании вклучува и институции и универзитети кои имаат иста цел – одржлив развој на поединците, компаниите и државата. На овој начин, со соработката со „Глеј“, ќе создадеме единствено онлајн место каде што најдобрите практики, иновативните решенија на најдобрите практики ќе ги споделиме со оние кои сакаат да одат Чекор напред во работата, во животот“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативен центар.
Комуникациската стратегија на оваа соработка ќе ја води Chapter 4, ПР-агенција на платформата „Глеј“и ќе соработува со М6 за промоција на ова партнерство.
Ова партнерство дополнително ја зацврстува позицијата на „Глеј“ како технолошки и медиумски предводник, особено по неговиот историски влез на Македонската берза преку иницијалната јавна понуда (IPO), потврдувајќи дека домашната продукција и едукација имаат иднина кога се обединети.
