Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) „Glamping“ – нов вид на туризам

(ФОТО) „Glamping“ – нов вид на туризам

Во Франција се појави нов вид на туризам -  “glamping”, спој на гламур и кампување. Тоа е навистина удобно кампување во природа наменето за богатите.

Концептот е сличен на сместување на сафари за богатите во Африка и Азија: во луксузни шатори или куќички на дрво, наместо вреќи за спиење се наоѓаат раскошни кревети, а удобноста не може да се спореди со луксузните хотели.

Тој тренд се појави пред десетина години во Велика Британија, но од неодамна и  Франција го прифати овој вид на туризам за да привлече богати туристи.

Брачните парови од Француската област Бретанија на западот од земјата, кој има 72 хектари земја и големи земјоделски фарми, има и пет големи удобни шатори кои можат па соберат по шест лица.

Во шаторите опремени како хотели со четири ѕвезди, постелнината е свилена, ќебето волнено, богато се опремени и со простор за одмор, кујна и тоалет со туш-кабина.

„Нема топла вода, ни струја, но тукиа е топлата постелнина и пријатното чувство на престој во природа“, рекол еден турист додавајќи дека “glamping” е популарен и во Холандија.

Ноќевање во луксузен шатор чини 100 евра. Туристите обично јадат домашна храна која ја подготвуваат сопствениците на имотот.

Слично

Поврзани вести