ЃОРЃИ НЕШКОСКИ-„ИНСАЈДЕР“: Добро е да си храбар, но подобро поминуваат оние што молчат
Се снимаше 26 дена, еден ден – една епизода. Беше навистина брзо темпото,и секој од нас мислам дека само снимаше, без апсолутно време за други работи, затоа што на сет бевме по 16-17 часа. На почетокот беше малку затегнато, додека се привикнуваме на сè уште новите околности и задачи
Амбициозен, храбар, искрен, забавен за колегите, избувлив кога чуствува неправда и секогаш на страната на вистината. Таква е улогата на младиот новинар Александар Топалов во популарната домашна серија „Инсајдер“, која секоја вечер ја гледаме на телевизија „Телма“. Улогата мошне успешно ја донесува Ѓорѓи Нешкоски, младиот актер од тетовскиот театар. За себе, Ѓорѓи вели дека е сличен со Александар, и тој го сака адреналинот. Глумата во него, како и новинарството во Александар кај него буди љубов, страст и возбуда.
Слично
