Ги кршат правилата: Поразителна вистина која стои зад iPhone
Организацијата China Labor Watch и Green Americа објавиле низа приговори за платата, безбедноста и условите за работа во фабриките на кинеските произведувачи на светски познатите компјутери и мобилни телефони, јавува ABC News.
Глобалните брендови кои се потпираат на кинеските добавувачи, одговориле дека наметнале плати и други стандарди и дека спроведуваат редовни инспекции.
Меѓутоа, активисти тврдат дека кршењата во фабриката на Catcher Technology's во градот Сукиан, се влошле откако за нив е известен Apple во април 2013.
Тогаш Apple ветил дека ќе се справи со проблемот. Apple со седиште во Калифорнија, најавил дека ќе прати инспекции да ги истражат последните извештаи. Фабриката Сукиан произведува делови за MacBook и iPad.
Таен истражувач кој добил работа во фабриката, открил кршење на правилата вклучувајќи прекувремена работа и до 100 часа месечно, додека со закон е дозволено 36 часа, и низа други прекршоци.
Открил како се кршат правилата на политика на Apple, вклучувајќи не давање на заштитна опрема при заклучен излез во случај на пожар и заклучени прозорци.
Фабриката е полна со метална прашина, опасности од пожари. Супервизорите реагирале за потребата од намалување на ризикот од пожари откако се случила експлозија во една фабрика, но никогаш ништо не превземале околу тоа, известил тајниот истражувач.
Во 2012 Apple ветил дека ќе ги зголеми платите и намали бројот на работни часа во Кина, откако ревизијата открила прекршоци кај поголем број добавувачи.
Apple минатата година спровел 451 ревизија на добавувачи, вклучувајќи го и Catcher. Со последната ревизија се забележани конкретни подобрувања, стои во извештајот на Apple.
Така после примедбите Catcher ги поправил апаратите за гасење пожари, ги отклучил излезите при случај на пожари и го обележил патот за итен излез. Освен тоа, усогласени се и ограничувањата на бројот на работни часа неделно за 95 посто.
