Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гевгелиските земјоделци ќе добијат отштета за невремето пред пет години

Гевгелиските земјоделци ќе добијат отштета за невремето пред пет години
Последните четири милиони денари ќе им бидат исплатени на 145 граѓани од гевгелискиот регион за претрпените штети на земјоделските посеви од обилните врнежи од дожд и снег, што ја зафатија општина Гевгелија во март 2009-та година, односно пред речиси пет години. Советот на општината денеска донесе одлука за исплата на овие средства, кои претставуваат 10% од вкупно претрпената штета проценета по невремето. Ова е последната, трета рата од отштетата утврдена од Владата на Република Македонија, која се согласи да покрие 30% од загубите на земјоделците. Во јануари 2010-та година беа исплатени 15 отсто или околу шест милиони денари, во август истата година уште пет отсто, односно два милиони денари и сега ќе бидат исплатени последните десет отсто од утврдената штета.
Слично

Поврзани вести