Гевгелија штеди енергија…преку кампања
Со цел да се подигне свеста и зголеми знаењето за енергетската ефикасност кај средношколците, од денеска во општина Гевгелија почна кампањата „Штедам енергија“ како дел од проектот „Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка“, кој се имплементира и во општините Богданци и Валандово.
Покрај учениците, во кампањата ќе бидат вклучени и професорите, родителите, граѓаните, општинските администрации и локалните невладини организации. Во текот на следните два месеци ќе бидат организирани активности и натпревари за избор на најдобри фотографии и цртежи од областа на енергетската ефикасност.
Инаку кампањата ја спроведува гевгелиската фондација за локален развој и развој на информатичка технологија, а со финансиска подршка од УНДП и општината.
