Гевгелија поднесе 94 пријави за штетите од поплавите
Вкупно 94 пријави се поднесени во Гевгелија за штетите од поплавите кои ја зафатија речиси цела територија на Македонија.
Како што соопштија од Општинскиот центар, најголемиот број пријави - 53, се поднесени во Гевгелија, 21 во Миравци и 20 во Негорци. Од нив, подносители на 93 пријави се физички лица и само едно правно лице со седиште во Миравци.
Според поднесените пријави, поплавата предизвикала најмногу штети на земјоделски насади со кромид, зелка и житни култури, но и на семејни куќи и помошни објекти.
Слично
