Германците ги криват Русите: Поради нив драстично паѓаме!
Финансиската состојба во која се наоѓаат германските земјоделци драстично е влошена поради падот на цените на земјоделските производи.
Подобрувањето на состојбата не се очекува во блиска иднина, соопшти федерацијата на земјоделци DBV.
DBV во извештајот за 2014/15, пресметал дека во просечните приходи земјоделските домаќинства оваа година 35 одсто се пониски отколку претходната година и изнесуваат 43.300 евра, пренесува Франс прес.
Тоа значи дека просечните приходи по земјоделец изнесувале 2500 евра месечно, односно 30.000 евра годишно, наведува федерацијата.
„Падот на приходите потсетува на кризната година 2008 и 2009“, рекол претседателот на DBV Јоаким Руквид.
Федерацијата како некои од причините за намалување на приходите го издвои руското ембарго на увоз на европски производи и намалената побарувачка во низа азиски земји, додавајќи дека тешката состојба ќе потрае и во 2016.
Земјоделскиот сектор на Германија е втор по големина во ЕУ после францускиот.
