Германската влада сака BlackBerry телефони поради…
Иако многу држави денеска не се држат до тоа, BlackBerry телефоните се најпосакувани кога се во прашање телефоните кои треба да ги употребуваат високи претставници, а причината е секако затоа што нудат повеќе сигурност. Благодарение на функциите како што е BES, тие му го олеснија животот на ИТ админите.
Меѓутоа и понатаму постои една држава чија влада упорно се држи до BlackBerry платформата, и тоа е Германија. Нивното министерство за внатрешни работи изрази желба повеќе владини чиновници да користат BlackBerry телефони.
Во овој момент, министерството има околу 3000 BlackBerry телефони кои се во пакет со Secusmart и го отежнуваат прислушкувањето на трета страна.
Сето ова доаѓа после Сноуденовите твредења дека САД ги прислушкува германските претставници.
