ГЕРМАНИЈА ШИРИ РАЦЕ ЗА СПАС: Нема лимит за број на примени мигранти!
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила денес дека не постои законски лимит за бројот на азиланти кои Германија би можеле да ги прифати, пренесува АП.
„Како силна, економски здрава земја, имаме сила да го направиме она што е потребно“ и да му овозможиме на секој поднесеувач на бареање за азил да биде праведно ислушан, рекла Меркел за медиумската група Гунка, која е сопственик на неколку весници во Германија.
Како што навела, правото на политички азил нема лимит кога се работи за бројот на баратели на азил.
Германската канцеларка меѓутоа го повтори ставот на својата влада дека тие мигрантите кои немаат реални шанси да добијат дозвола за останување во Германија мора да се вратат во своите татковини.
Германија, која во последните неколку години е водечка европска дестинација за мигранти, очекува само годинава да и пристигнат 800.000 азиланти, четири пати повеќе од 2014.
