Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕНИЈАЛНО: Град без автомобили

ГЕНИЈАЛНО: Град без автомобили

Жителите на градот Понтеведра во Шпанија, живеат без врева затоа што автомобилите се забранети. 

Претходно 14.000 автомобили дневно поминувале низ градот, и тоа било повеќе од бројот на жители. 

Мигел Анчо Фернандес Лорес е градоначалник од 1999 година. 

Тој вели дека фактот што имате автомобил не ви дава за право да го заземате јавниот простор. 

„Се случуваше мали деца и пензионери да не можат да го користат просторот од паркирани автомобили“ - вели тој. 

Сега имаат многу бенефити од забраната за автомобили. 

Луѓето кои живеат во Мадрид велат дека за нив ова место е рај. 

Градот е мал и пеш може да се помине за 25 минути.

Додека други градови губат население, овој град има плус нови 12.000 жители. 

Слично

Поврзани вести