„ГАЗДА РЕВОЛУЦИОНЕР“: Воведе 5 часовно работно време и сите ги воодушеви со резултатите!
Претприемачот Стефан Арстол, сопственик на фирма за производство на даски за веслање, кој пред помалку од година дена воведе петчасовно време, тврди деа резултатите на неговиот револуционерен потфат се воодушевувачки.
„Осумчасовното работно време направи култ од работохоличарите. За жал тоа работно време, не се промени во 100 години. Нема врска што информатичката доба донесе најголема промена уште од индустриската револуција. Работниците и понатаму влегуваат во своите автомобили секој ден и се „гушат“ по автопатиштата. А потоа сето тоа пак го прават навечер.
Понеделник е нешто од што сите се згрозуваат. Среда е само да „се протурка“. Петок наутро е олеснување бидејќи само што не дошол викендот. Идејата дека работниците мора да истуркаат 70 отсто од неделата за да уживаат само 30 отсто е колективно лудило!
Вака пишува Арстол, сопственик на фирмата „Tower Paddle Boards“, кој вовел петчасовно работно време.
„Мојата компанија одлучила поинаку да ги работи работите. Ние сме во бизнисот на продажба за стоечки даски за веслање (paddle-board), па пократко работно време и слободно попладне за вработените се совршен спој со нашиот бизнис.
Одлучивме да воведеме петчасовно работно време од 8 наутро до 1 попладне. Бидејќи ручекот трае еден час, фактички го скративме работното време за два часа. Нашите вработени не се платени помалку, и јас и понатаму очекувам од нив дупло поголема продуктивност од просечен работник“, пишува Арстол за Биснис инсајдер.
Резултатите вели, биле воодушевувачки. Минатата година биле именувани за најбрзо растечка приватна компанија во Сан Диего. Тим од девет вработени оваа година ќе генерира девет милиони приходи.
Рецепт за успех
„Кога им велам на луѓето дека моите вработени работат само пет часа дневно, одговорот секогаш е: Тоа е баш убаво, но мене не ми се исплаќа. Толку се залепени за работното време од 9 до 17 да не се во состојба да замислат било што друго“, пишува овој визонер.
Но, како што тврди, можете да го намалите работното време за 30 отсто, а нивото на продуктивност да биде исто.
1. Луѓето не се машини
Само затоа што седат на биро осум часа дневно, не значи дека луѓето се продуктивни. Петчасовно работно време овозможува нивната енергија да биде на оптимално ниво и да бидат ефикасни.
2. Среќата е одлична за продуктивност
Студиите покажале дека работниците се продуктивни кога се среќни. Да имате време да трчате за сопствени страсти, да ги негувате врските со блиските и да бидете активни , значи дека имате многу повеќе емотивна и физичка енергија.
3. Помал број на часови произведува фокус
Да имате помалку време да завршите одредена задача значи дека многу повеќе сте фокусирани и подобро да ги одредите приоритетите.
Ако не работите работи кои бараат 24-часа дежурства (полиција, медицински сестри и лекари, пожарникари) или не бараат да работите одеднаш со голем број на луѓе (филмската продукција), е шанса дека, тврди Аристол ова ќе го работат и за вашата фирма.
4. Применете го правилото 80-20
Осумдесет отсто од резултатите доаѓаат од 20 отсто напори, само е потребно да лоцирате кои се тие потези и да елиминирате се друго.
5.Применете принцип на продукција
Луѓето милат дека 5 часовна недела е невозможна бидејќи размислуваат во термини на време, не во термини на продукција. Повеќето работници чие главно оружје е знаењето е платено со фиксна плата а не по час.
„Го применив таквото размислување во мојата фирма така што одредив 5 отсто од профитот да оди на работниците кои најдобро се покажале во смисла на продуктвноста“, советува овој бизнисмен.
„Петчасовната работна недела е една од моите најтешки одлуки во животот. Но денес работниците се задоволни, продуктивни и повеќе инвестирани во бизнисот.
