Гардијан: Македонија една од дестинациите кои треба да се посетат во 2014
Во едно од своите последни изданија, британскиот весник „Гардијан“ ја вбројува Македонија како една од дестинациите кои треба да се посетат во 2014 година.
Културно-историските споменици, традицијата во Македонија, како и македонските вина, се обележјата кои авторот ги опишува во статијата. За местата кои треба да се посетат во Македонија се споменува и Охридското Езеро.
На оваа листа, „Гардијан“ Македонија ја вбројува заедно со Бразил, Мароко и Турција.
Според Државниот завод за статистика, во 2013 година, до октомври месец, бројот на странски туристи е зголемен за 14,1 процент, за разлика од Македонските туристи, кај кои има намалување за 2,8 проценти.
Слично
