Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гардијан: ЕУ не воведува забрана за над 30 опасни пестициди

Гардијан: ЕУ не воведува забрана за над 30 опасни пестициди

Европската унија речиси две години не воведува забрана за најмалку 31 пестицид за кои научно истражување предупредува на хемикалии поврзани со деформација на фетус, генетски мутации, неплодност и други болести, јавува британскиот весник „Гардијан“.

Научното истражување препорачува идентификување и категоризирање на канцерогените хемикалии што влијаат на ендокриниот состав (ЕДЦ) и предизвикуваат серија несакани ефекти. Според необјавената студија, ризикот од изложеност и на мала количина ЕДЦ е голем и тоа е доволна причина за забрана на хемикалијата. ЕУ врз основа на истражувањето можела и требала да забрани голем број производи веќе предминатата година, пишува весникот „Гардијан“. Извори од Комисијата тврдат дека истражувањето е „закопано“ од страна на високи европски официјални претставници под притисок на компании што употребуваат хемикалии ЕДЦ во голем број производи. Притисокот од големите индустриски играчи, како Баерн и БАСФ, бил премногу голем, а според извори од Комисијата, построгите критериуми на контрола предложени од истражувањето се отфрлени и применети поблаги мерки. Минатиот месец 11 европарламентарци упатија писмо до еврокомесарот за здравство и безбедност на храна, Вутени Андриукатис, во кое се бара од ЕУ да го почитува мандатот и да усвои построги критериуми за ЕДЦ. Опасните хемикалии се предмет на судска постапка покрената од Шведска, ЕП и од Советот на Европа.
Слично

Поврзани вести