Гардијан: Август е кошмар за туристите во Европа
Од месец за одмор август се претвори во месец кошмар поради високите температури за милиони туристи во Европа, пишува Гардијан.
Високите температури однесоа животи во Италија и Романија, а поради горештините луѓето се по болниците и амбулантите и се жалат на тегоби.
Поради пожари на многу места нема вода или струја, што на многумина им го расипа одморот.
Од Киев до Рим сите бараат разладување, а властите во јужна Европа бараат работодавците да го скратат работното време.
Во Венеција и во градови од Шпанија граѓаните протестираат поради масовен туризам.
Слично
