Галиите од Вардар ќе заминат кога ќе се заплени имотот на ВМРО ДПМНЕ
Има ли градот дозвола за чистење на речното корито на Вардар кај хотелот Русија го прашаа денеска новинарите градоначалникот Петре Шилегов, кој пак вели дека тоа е редовна активност на градот.
Шилегов одговарајќи на новинарско прашање поврзано со бродовите во Вардар рече дека тие ќе бидат отстранети кога ќе и биде запленет имотот на како што посочи на најбогатата партија во Европа.
„ВМРО- ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, со нивните пари, откако ќе им биде запленет имотот, ќе ги обештетиме сопствениците на галиите во Вардар, а потоа ќе ги отстраниме од речното корито“, посочи Шилегов.
Шилегов кажа и дека Министерството за животна средина требало да спречи да се изградат галиите а не сега да се занимаваат со тоа прашање.
