Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: Во ОКТА организирана вежба за справување со инциденти од поголем размер

ГАЛЕРИЈА: Во ОКТА организирана вежба за справување со инциденти од поголем размер

Брза реакција и успешно справување со пожар и инцидент од поголем размер е резултатот од предвиденото сценарио за интерактивната оперативно-тактичкавежба за кризен менаџмент што jаспроведе ОКТА. Во неа беа вклучени професионалната ПП и универзалната единица на ОКТА, противпожарна екипа од Куманово, ПП единицата од Аeродромот Александар Велики, противпожарната авијација на Дирекцијата за заштита и спасување,како и медицинскиот персонал од поликлиниката Неуромедика и Црвен Крст на град Скопје.

 Vezba vo OKTA_1

„Секоја компанија согласно законските обврски е должнада организира заштита и спасување на вработените, имотот и нејзиното опкружување во рамките на својот деловен процес. За таа цел во ОКТА е развиен целосен концепт за кризен менаџмент кој овозможува да се избегнат и минимизираат ризиците, како и да се презематпревентивни и оперативнимерки за заштита и спасување. Имајќи ја заприоритет безбедноста,во ОКТА посветуваме посебно внимание на редовно тестирање на планот и системот за заштита и спасување како би обезбедиленегово постојано подобрување и подготвеност за брз одговор во вонредни ситуации“, изјави Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Героуланос.

 Vezba vo OKTA_2

Сценариото на денешната вежба предвидуваше екстремна ситуација, пожар на резервоар во кој е складиран бензин, со тенденција и опасност на брзо ширење во правец на останатите резервоари.Високото ниво на ризик во резервоарскиот парк наложи потреба за широка акција, во која беа вклучени силите за заштита и спасување на ОКТА, како и на државните институции и компаниите од првиот појас на опкружување.

 Vezba vo OKTA_3

„Целта на изведувањето на интерактивнитеоперативно-тактички вежби на безбедносно-заштитните системи еоценување на нивната функционалност, координација на сите релевантни фактори за справување со инциденти иобезбедување на брза и ефикасна интервeнција. Вежбата потврди дека компанијата располага со соодветни ресурси, обучен персонал и добро разработен концепт за справување и со посложени форми на опасност“,изјави Зоран Доревски, Менаџер на Обезбедување во ОКТА.

 Vezba vo OKTA_5

Слично

Поврзани вести