(ГАЛЕРИЈА) Само за заљубени-романтична вечера на небо!
Новогдишните празници се на самиот крај, но сезоната на славење допрва започнува...
Февруари можеби сега звучи далеку, но верувајте ќе ви се прикраде многу брзо. Денот на вљубените е практично на чекор од нас и многу луксузни хотели веќе почнаа да ги претставуваат своите феноменални планови за најромантичен ден во годината. „Mandarin Oriental“ хотелот во Сан Франциско е еден од нив.
Овој префинет хотел ви нуди специјална понуда за Денот на вљубените, односно вечера на небо, како тињ го нарекуваат тоа. Оваа понуда е навистина ексклузивна, што ни потврдува фактот дека само три маси се достапни за овој префинет настан и оваа исклучително искуство. Само шест лица, односно три вљубени двојки, ќе ја имаат шансата да уживаат во прекрасната вечера во третата највисока зграда во Сан Франциско.
Приватната маса за вљубените ќе биде сместена на 46.47, и 48 кат на „Sky Bridges“ зградата, што на вљубените двојки ќе им даде можност да уживаат во романтичната панорама на градот и заливот, додека уживаат во вкусните вечери со четири јадења, пропратени со одговарачките вина, кои ќе ги подготви специјален готвач Адам Мали. Најдобриот дел од ова мени се секако сезонските производи, направени од состојки кои потекнуваат од локалните произведувачи. Чуства на романтика, како цвеќе, романтично осветлување и музика ќе направат вистински амбиент кој ќе биде проследен со спектакуларен поглед низ прозор.
Што се однесува до овој хотел, тој има пет звезди и магазинот Форбс често му ги даваше највисоките оценки. Сместен е во самото срце на градот и ви нуди беспрекорен поглед на околината и заливот. Речиси го поминал процесот на реновирање кога му е додаден и „ Brasserie S&P“ ресторанот и бар, како и простарните Спа и Фитнес центри. Овој хотел често добива највисоки оцени од своите гости, како и експерти кои го посетуваат. Спа центарот на овој хотел е единствен во Северна Калифорнија кој од магазинот Форбс доби пет звезди.
Уживајте во фотографиите:
















