(ГАЛЕРИЈА) ПРЕМИЕРА ЗА МАКЕДОНИЈА: Комплетно новиот LEXUS LC 500 / LC 500h
- Дизајнот, динамиката и квалитетот на изработка на LC 500 / 500h го позиционираат автомобилот како еден од предводниците на Lexus
- Луксузното купе е олицетворение на новата архитектура на брендот, која ветува исклучителни перформанси и динамика
- Симбол на еволуцијата во развојот на автомобилите, LC е врвот во взаемната работа помеѓу дизајнерските и инженерските тимови
LC го означува почетокот на новата фаза во развојот на брендот Lexus. Овa луксузно купе ги комбинираа инженерската совршеност и експресивниот дизајн со кој се поставуваат нови стандарди за динамика, стил и квалитет на изработка.
LC e создаден врз основа на комплетно нова конфигурација на задниот пренос кој сега е многу прецизно направен, и ветува многу емоции зад управувачот, како никогаш до сега. Инспириран од наградуваниот LF-LC прототип кој својата премиера ја направи во 2012, LC е автомобил со невидени достигнувања.
Разбивајќи ги стериотипите во индустријата, инженерите и дизајнерите на Lexus
работеа неуморно, за да го претворат LC од неверојатен концепт во реалност.
Исто како и светски познатиот суперавтомобил LFA, LC исто така е создаден од
страна на TAKUMI мајсторите. Нивното над 20-годишно искуство им овозможува
да ги откријат дури и најмалите несовршенства.
При развојот на автомобилoт, Lexus направи се што беше возможно за
максимално да го задржи оригиналниот дизајн на концепт моделот LF-LC.
Она што се наоѓа под прекрасните линии, е исто толку импресивно – LC е првиот
модел на брендот, кој ја користи платформата Lexus Global Architecture – Luxury
(GA-L), која обезбедува низок центар на гравитација како и оптимална
распределба на тежината. Сето тоа придонесува за исклучително возачко
искуство и стабилност, она кое што го очекуваат и клиентите на ова престижно
купе
LEXUS LC 500
Моќноста на задните тркала на LC 500 е доверена на докажаниот, високовртежен
5.0-литарски V8 мотор, познат од RC F и GS F . Атмосферската погонска единица
беше избрана поради флуидната, линеарна реакција на гаста и исполнителниот
звук кој буди емоции при забрзувањето. Целосно алуминиумскиот V8, 32-
вентилски мотор испорачува 477 к.с. и 540 Њм вртежен момент.
Преносот на вртежниот момент кон задните тркала се препишува на првата во
светот 10-степена автоматска трансмисија, вградена во лускузен автомобил,
кое има време на реакција на промена на степен на брзина сличен на оној кај
менувачите со две ламели. Комбинацијата од високотехнолошка платформа и
погон му обезбедуваат на LC 500 динамика и управување, невообичаени за купе
со четири места и забрзување од 0-100 км/ч за 4.7 секунди.
LEXUS LC 500h
Комплетно новиот LC 500h ги надминува воспоставените граници на познатата
хибридна технологија и оди подалеку, претставувајќи го за прв пат во светот
системот Multi Stage Hybrid. Технологијата комбинира 3,5-литарски бензински V6
мотор и хибридна трансмисија со два мотори-генератори e-CVT, во комбинација
на четиристепен автоматски редуктор. Целокупниот ефект е 10-степена
хибридна автоматска трансмисија, која што ја пренесува моќноста од 359 к.с.
кон задните тркала. Резултатот е побрза и подиректна реакција на педалата за гас
– нешто, што лесно може да го почуствувате при стартувањето на автомобилот.
Комбинацијата на високотехнолошка платформа и револуционерниот хибриден систем Multi Stage Hybrid му обезбедуваат на LC 500h динамика и управување, еднакви на бензиската V8 верзија на моделот – забрзување 0-100 км/ч под 5.0 секунди.
Системот Multi Stage Hybrid нуди голем број на предности во однос на реакцијата
при додавање на гас, возењето при висока брзина при ниски вртежи на моторот и
можноста за возење на висока патна брзина со исклучен бензински мотор – до
140 км/ч. Во исто време, вкупната ефикасност на користењето на гориво и
емисијата на издувни гасови се подобрени, како и акумулирањето на енергија, но
и главниот печат на сите Lexus хибриди – флуидна, тивка и софистицирана
работа на системот.

Основана во 1989 г, Lexus доби светска слава како компанија, која се стреми кон совршенство, извонреден квалитет и софистицирана високотехнолошка содржина на своите производи. Денес Lexus е четвртата по продажба луксузна марка во светот.
Задржувајќи ги традиционалните вредности на Lexus, како што е ненадминливата висококвалитетна изработка, комфорот и луксузот во внатрешноста, Lexus во моментот ја обновува својата гама на автомобили, со пуштање на пазарот на нов бран на екслкузивни и возбудливи производи, со најмодерни технологии.
Денес Lexus останува првиот и единствен луксузен производител на автомобили, кој нуди широк спектар од 9 хибрида, кои се состојат од CT 200h, IS 300h, RC 300h, GS 300h, GS 450h, LC 500h, LS 500h, NX 300h и RX 450h.
Но дури и совршениот автомобил е ништо без совршена грижа кон клиентот. Горди сме
да информираме дека секој Lexus стандардно располага со фабричка гаранција од 6
години / 200 000 км , како и 10 години бесплатна грижа за хибридната батерија.
