Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Не беа само Ѓорѓе и Маја во Париз, Ципрас ја покажа сопругата, Колинда дојде со партнерот

(ГАЛЕРИЈА) Не беа само Ѓорѓе и Маја во Париз, Ципрас ја покажа сопругата, Колинда дојде со партнерот

На прославата од 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна во Париз во музејот „Орсе“ покрај македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата понежна половина Маја, присуствуваа уште 71 светски лидер со нивните партнери.

Од регионот, барем за македонската јавност, најголемо внимание предизвика грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговата поубава половина, а исто така и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со нејзиниот брачен другар. 

Во продолжение проследете ја фото-галеријата.

Бугарскиот претседател Румен Радев и Деси Радева

Чешкиот премиер Андреј Бабиш со сопругата Моника

Алексис Ципрас со сопругата Бети

Украиснкиот претседател Петро Порошенко и првата дама на Украина, Марина Порошенко

Грабар-Китаровиќ со сопругот Јаков Китаровиќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со Емине Ердоган

Шефот на државата Романија, Клаус Јоханис, пристигна заедно со Кармен

Емануел Макрон со Брижит Макрон

Фото: Ројтерс

Слично

Поврзани вести