(ГАЛЕРИЈА) Најубавите мостови во Европа, кои земји ги поседуваат?!
Порталот „European Best Destinations“ ја претстави годишната листа на најубави мостови на Стариот континент.
На прво место се најде импозантниот мост „25 април“ во Лисабон, престолнината на Португалија. Долг е 2277 метри, а е отворен на 6 април во 1966 година под името „Салазар“. Дали е навистина најубав може да биде предмет на расправа, но овој мост кој потсетува на Голден Гејт од Сан Франциско секако е импозантна градба.
Второто место го завзеде еден од најпознатите мостови на светот “Товер Бриџ“ ( Tower Bridge ) од Лондон. Оваа историска градба е подигната помеѓу 1886 и 1894 година на реката Темза.
Средновековниот Понте Вечио (Стар мост) во Фиренца се најде на третата позиција. Мостот кој ја спојува реката Арно е единствен по тоа што на неговите рабови се изградени продавници.
На четврто место е Бастеи Мостот во Германија. Се наоѓа 305 метри над нивото на морето и минува низ движечката карпа над реката Елба. Првобитната верзија на овој мост е изградена уште во 1824 година, кога со дрвена конструкција се поврзани неколку карпи поради туристи, а металната конструкција е изградена во 1851 година.
Португалците го завземаа и петото место. Овој пат станува збор за Дом Луис 1 во Порто. Го дизајнирал Тефил Сејриг, кој учествувал и во проектирањето на Ајфеловата кула. Неговата несекојдневна конструкција секако го номинира за еден од најинтересните мостови на светот.
Следен на листата е Мијо во Франција, официјално највисокиот мост во светот, во употреба беше пуштен во 2004 година. Тој минува низ долината на реката Тарн, достигнувајќи висина од 343 метри и неговата градба чинела околу 400 милиони евра.
Оваа листа би изгубила секој кредибилитет кога на неа не би се нашол Мостот на синџирите во Будимпешта. Овој мост ги поврзува Будим и Пешта преку Дунав, а го дизајнирал Вилијам Тијерни Кларк. Во сообраќај е пуштен во 1849 година.
На осмо место е Риалто мостот во Венеција, еден од четирите моста кои го поврзуваат Големиот канал. Во времето кога бил граден служел како линија на раздвојување на округот Сан Марко и Сан Поло.
Деветото место го завзема Капелскиот мост во Луцерн изграден во 14 век. Името го добил по капелата на светиот Петар, која се наоѓа во близина.
Пуенте Нуево (Нов мост) е симбол на градчето Рондо на самиот југ од Шпанија и на листата на порталот „European Best Destinations“ ја завзеде одличната десета позиција.
Во остатокот од листата која има вкупно 15 мостови се наоѓаат Стар мост во Мостар, Форт де Ровер мост во холандски Халстерн, Синџирите на Гараби преку долината на реката Трујер, неизбежниот Васко де Гама мост во Лисабон и мостот Понт де Гард недалеку од Авињон.









