Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Кроациа Осигурување испрати помош за поплавените подрачја ширум земјава

(ГАЛЕРИЈА) Кроациа Осигурување испрати помош за поплавените подрачја ширум земјава

Кроациа Осигурување спроведе хуманитарна акција донирајќи финансиски и материјални средства со цел помош и поддршка за настраданото население од поплавените подрачја ширум земјава.

Оваа Хуманитарна акција подразбира финансиска поддршка донирана од Компанијата, како и материјална донација на Компанијата и нејзините вработени, застапници и соработници кои донираа облека, средства за хигиена, пијалоци, постелнина и слично, со цел да им се помогне на нашите граѓани.

„Во овој момент најважно е секој од нас да се вклучи во хуманитарната акција за помош на поплавените подрачја и да помогне колку може. Како општествено одговорна компанија, ние чувствуваме одговорност да им помогнеме на граѓаните од овие подрачја. Горди сме на успешноста на оваа акција и значајниот одзив кој го имаа нашите вработени и соработници вклучувајќи се со своја донација. Па така, покрај финансиската донација успеавме да испратиме и бројни пакети со облека, основни намирници за хигиена и конзервирана храна“ - велат од Компанијата.

Испраќајки апел до сите граѓани да се вклучат во бројните хуманитарни акции и да помогнат во рамки на своите можности, компанијата донираните финансиски и материјални средства ги предаде во Црвениот Крст на Р. Македонија.

[gallery ids="145112,145110,145111,145109,145108,145107,145106,145105,145104"]
Слично

Поврзани вести