(ГАЛЕРИЈА) Ис(в)куси ја Македонија-Саем на традиционална Македонска храна и активен туризам!
Отворен е дводневниот саем за традиционална храна и активен туризам кој што се одржува во Скопје.
Преку 30 вкусни, традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје ќе бидат на продажба - вина од малите тиквешки винарии, крушевски домашни џемови, велешки органски мед и многу други.
Истовремено, на саемот ќе можете да се запознаете со богатата туристичка понуда на Македонија и да резервирате една од многуте понудени авантури по намалени цени - планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник и многу повеќе.






Слично
