(ГАЛЕРИЈА) Ексклузивно: Mercedes-Benz ја покажа внатрешноста на новата E-Class
Бројни иновации се вклучени во внатрешноста на новото издание на моделот E-Class, како што е екранот со висока резолуција и големина од 12.3 инчи, потоа копчињата чувствителни на допир поставени на управувачот, со што му овозможува на возачот лесна контрола на функциите без притоа да ги оттргне рацете од управувачот.
Во исто време, патниците можат да уживаат во пространоста и изгледот на внатрешноста, која се одликува со многу детали и вргадени материјали со висок квалитет.
„Со изгледот на внатрешноста на E-Class може да се доживее новата интерпретација на модерната лускусзност, која вклучува просторсност, интелигентни решенија и вградени материјали со исклучително висок квалитет“,изјави Hartmut Sinkwitz, шефот на одделот за внатрешен дизајн во Mercedes-Benz.
Највпечатливиот дел во внатрешноста се двата екрани, секој со големина од 12,3 инчи и резолуција од 1920 x 720 пиксели. Може да се направи избор меѓу три различни дизајни на екраните, : "Classic", "Sport" и "Progressive".
Основната верзија на E-Class ќе биде достапна со двојни кружни инструмент покажувачи и централен екран со големина од 17,8 см, како и централен екран со големина од 21,3 см, кои заедно се вградени во една рамка со т.н. „пијано“ изглед.






