Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Дали ова е тајната палата на Путин што ја крие од јавноста?

(ГАЛЕРИЈА) Дали ова е тајната палата на Путин што ја крие од јавноста?

Со години, во Русија кружат гласини за огромната палата, чија величенственост може да биде вистински ривал на резиденциите на царевите...

Наводно, оваа резиденција е направена за претседателот на Русија, Владимир Путин во јужниот дел на земјата. Подолго време во јавноста не била достапна ниту една слика од ова издание, а сега за прв пат имаме шанса да видиме како таа всушност изгледа. Се наоѓа близу до Прасковек во Краснодар.

luksuz-vila-arhitektura-kuce-poznatih-domovi-poznatih-putinova-vila (2)

Фотографиите кои испливаа во јавноста се направени од воздух , а се дело на активисти на руската опозиција, кои сакале да ја прикажат гломазноста на овој компкес од неколку илјади квадратни метри, на имот од 67 хектари, со поглед на Црното море, преубави градини, паркови, фонтани, базени, хелиодроми, спортски терени и помал комплекс кој е наменет за персоналот кој го одржува целиот имот.

luksuz-vila-arhitektura-kuce-poznatih-domovi-poznatih-putinova-vila (3)

Активистите тврдат дека, иако овој имот е регистриран како хотел во развој во јавната архива, константното присуство на гардата од руските безбедносни служби, како и сомнителните трагови на разни документи поврзани за овој имот, го откриваат вистинскиот сопственик.

Во 2010 година, Сергеј Колошењиков, бизнисмен и поранешен соработник на Путин, објавил отворено писмо упатено до тогашниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, тврдејќи дека палатата за која говориме е изградена со употреба на пари од државните фондови, како и од средства кои потекнуваат од различни оф-шор банкарски сметки.

luksuz-vila-arhitektura-kuce-poznatih-domovi-poznatih-putinova-vila (1)

Наводните фотографии на оваа палата во текот на нејзината конструкција прв пат се појавија на руската верзија на сајтот на Викиликс пред шест години. Сега, фотографиите до кои дошле активистите ни го претставија и нејзиниот класичен, луксузен ентериер со познатен декор и насликани плафони.

luksuz-vila-arhitektura-kuce-poznatih-domovi-poznatih-putinova-vila (5)

Колошењиков оваа вила ја опишува како модерна верзија на вилата на Царот Петар Велики, а нејзината проценета вредност е поголема од милијарда долари.

luksuz-vila-arhitektura-kuce-poznatih-domovi-poznatih-putinova-vila (4)

Сепак, не сме сигурни дали е за верување дека оваа вила е навистина во сопственост на Путин, или ова е само уште еден во низата обиди на опозијата да го наруши неговиот кредибилитет. Од Кремљ, претставници константно ги демантираат гласините дека оваа вила е изградена за моменталниот претседател, кој скоро се најде на листата десет најомилени луѓе на целиот свет.

Што мислите вие?

Слично

Поврзани вести