Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: 8-те „највкусни“ европски градови

ГАЛЕРИЈА: 8-те „највкусни“ европски градови

Имате душа на патник и и симнувате капа на добрата кујна?

Дозволете да ви презентираме 8 места во Европа, каде што би можеле да уживате не само во  импресивни згради и природа, во извонредна приказна, но и во храна, призната како од аматерски кулинари, така и од познати готвачи кои доаѓаат од различни страни на светот .

... И така, Buongiorno Italia!

8. Палермо, Италија


Историскиот град се наоѓа во Јужна Сицилија и освен што е главен град на автономниот регион Сицилија, Палермо неспорно се слави со разновидна кујна. Таму ќе уживате во храна од различни култури - римска, арапска, дури африканска ... Иако во регионот има само еден ресторан, награден од кулинарски Водич Мишелин, градот е полн со пазарчиња каде имате можност да пробате од локалната „улична храна“. Прво треба да се ја вкусите типичната за Сицилија плескавица со слезина и бели дробови - „Paneane 'ca meusa“ и нестрандартните пржени оризни мушки - „Arancini“. Не заборавајте да се пробате и италијанска паста како Каноли и Касата.

7. Неапол, Италија


Нема како да го пропуштиме и Домот на пицата! Овој кружен специјалитет, го покорил речиси секој, е создаден во Неапол во XVIII век. Тоа сепак далеку не значи дека нема во што друго да уживате, ако одлучите да го посетите токму овој дел на Италија. Обожавани јадења се и „Timballo di maccheroni“, и “sfogliatella“ кои се вид на паста, морските Деликатеси таму исто така не треба да се пропуштат, а за кафето многумина тврдат дека е најубаво на светот.

А зошто од Италија да не скокнеме и до сончевата Шпанија?

6. Жирона или Херона (се исто), Шпанија


Лоцирана во Каталонија, Жирона се прослави со ресторан,кој е прогласен за еден од најдобрите во светот. Во оваа мало, старо гратче кое се наоѓа во Јужна Шпанија, ќе наидете на познатото семејство „El Celler de Can Roca“. Токму тие се сопственици на награди со 3 ѕвезди од Мишелин ресторани. Иако до неодамна шпанската кујна беше познат главно со својата паелја, во последните 15 години светски познати готвачи како Шеф Феран Адрија успеаја да ја популизират, а шпанските јадења се подготвуваат во различни земји во Европа.

5. Прага, Чешка


Храната во Прага е речиси толку шармантна како и главниот град сама по себе. Но да почнеме со најважно - нема како да ја посетите Прага а да не пробате некое од многуте локални пива, направени од посебен ароматичен хмељ, со кој Чесите се гордеат од уште откако знаат за себе. Ако зборуваме за кујната, во менито ретко ќе најдете различни салати, можеби само вообичаената за таму зелка со рен или ... грчка салата.

Во Прага ги почитуваат локалните јадења! Затоа, под услов да не сте вегетаријанец, може да пробате печено колено, имено свински зглоб, сервиран со лути пиперки и зелка со рен, се разбира.


„Flekovský guláš“ или гулаш со кнедли е не помалку популарно јадење во Чешка, а печени колбаси или како што тие ги нарекуваат „Opekana klobasа“, зафаќаат простор на секоја маса.

4. Копенхаген, Данска


Споменувајќи ги ѕвездите на Мишелин, треба да се истакне дека во Копенхаген има не една, туку повеќе од 10 ресторани, ценети од нив, што е импресивно, имајќи предвид дека градот не е воопшто голем. Еден од носителите на Мишелин таму е „Noma restorant“ кој според британско списание за ресторани е најдобар ресторан во светот од 2010 година до 2014 година.

Таму „ќе паднете“ на нестандардни коктели и уште нестандардна храна како пилешко око, мармалад од мравки и пилешка кожа.

3. Париз, Франција


Француската престолнина може да се пофали со вкупно 125 ѕвезди од Мишелин кои ги заслужиле 94 ресторани.

Ова дефинитивно го прави дел од многубројните листи, од кои љубителите на разновидна храна и генерално на добра кујна се заинтересирани. Неизбежен дел од кулинарскиот свет се франзели, кроасани, шунка, сирење, фланелен и се разбира, каде без чаша вино ... И сепак да споменеме некои од многуте специјалитети понудени во романтичната престолнина на Франција.

„Tête De Veau“ или преведено „глава на теле“, и „Caneton Tour d'Argent“ ( вид на зготвена патка) се француски јадења, кои се служат само во луксузни ресторани. Но тоа не значи дека ќе му допаднат на секој, напротив, телешки череп во чинијата може да го убијат апетитот на прилично дебитантите во француската кујна!

2. Амстердам, Холандија


Големата разновидност на сирења го прави Амстердам кулинарски Рај за љубителите на сирења.

Интересен е и начинот на кој се сервира сирењето, имено во друштво на ... сенф.

Традиционални за местото се холандските палачинки, обилно преплавени со сируп и суровата харинга.

А ако ви се јаде нешто познато и солено, што може да се најде на секој агол, тогаш земете си „vlaamse frites“(помфрит), зачинет со многу мајонез.

1. Лондон, Велика Британија


Како што е познато, популацијата во Лондон е неверојатно разновидна, соодветно - и храната. Ако сакате да каснете нешто различно од традиционално за ова место е Англиски појадок (јајца, сланина или колбаси и грав, придружени од тост со путер или мармалад) и „Fish and chips“(пржена риба, гарнирана со помфрит), тогаш не пропуштајте да се го пробате и популарното јадење „Venison“ што во суштина претставува стек од еленско месо. Во листата на јадењата кои треба да ги вусите во Лондон влегуваат и Шкотскиот колбас од овчо месо кој обично се сервира ладен и се консумира главно во летото.









Слично

Поврзани вести