Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) 10 неверојатни мини-градови во светот

(ГАЛЕРИЈА) 10 неверојатни мини-градови во светот

Во овие минијатурни градови се изградени макети на некои од најпознатите светски знаменитости. Тие им нудат единствена можност на туристите да се чувствуваат како Гуливер во Земјата на Лилипутите - можете да се прошетате до мала Ајфеловата кула, Колосеумот или во некоја голема метропола.

10. Забранетите градини, Хјустон, САД

Тоа е музеј на отворено, кој им обезбедува на Американците и на други посетители да ја видат една од најголемите атракции во Кина - Забранетиот град. Во Градината можете да видите ја познатата Глинена армија. Таму има реплики на сите 6.000 војници.

9. Миниатурк, Истанбул, Турција

Тоа е најголемиот мини-парк макета во светот. Во него има 105 модели на знаменитости од Истанбул, Мала Азија и други.

8. Прозорец кон светот, Шенжен, Кина

Во овој минијатурен парк има макети на знаменитости од целиот свет. Ајфеловата кула се издигнува над останатите знаменитости, кои ги вклучуваат пирамидите во Гиза и Таџ Махал.

7. Минијатурна Франција

Овој парк дури има форма на Франција, како и некои од најпознатите нејзини знаменитости. Внатре има подвижни возови, бродови и чамци. Паркот е затворен во текот на зимата.

6. Шангајски изложбен центар

Во него има макети на Шангај, кои прикажуваат како градот би изгледал во 2020 година.

5. Светски Плоштадот Табу, Јапонија

Тука има над 100 модели за светски знаменитости, како и 140.000 минијатурни човеци меѓу нив.

4. Мадуродам, Холандија

Овој мал холандски град има модели на типични холандски куќи, канали, ветерници, како и аеродром и сите тие се движат.

3. Музеј на римската цивилизација, Рим

Ова е еден извонреден музеј, но многу туристи се спречени да го посетуваат заради далечната локација.

2. Леголенд, Данска

Се наоѓа во близина на фабриката на Лего. Во паркот има многу подвижни фигурини на возови, мостови, чамци и други.

1. Музеј на уметноста, Квинс, САД

Таму можете да видите неверојатна макета на Њујорк, изграден за Светскиот саем во 1964 година. Моделот ги вклучува сите згради, изградени до 1992 година, а во самата година се менуваат над 60.000 згради, за да биде макетат актуелна. Во 2009 година беше иницирана уште една промена која треба да влијае на недостатокот на кулите близначки, а на нивно место ќе биде изграден модел на One World Trade Center, кога ќе заврши изградбата.

Слично

Поврзани вести